Романската влада свика вонредна седница поради насилните протести во кои веќе втор ден се судираат демонстранти со полицијата во главниот град Букурешт.
Протестите во Романија почнаа пред четири дена како поддршка на заменик-министерот за здравство, кој даде оставка во знак на протест против реформите во здравството.
Претседателот на Романија, Басеску, во меѓувреме изјави дека ја повлекува спорната реформа, но гневот на протестантите во меѓувреме нарасна и тие сега се генерално незадоволни од владината политика и бараат оставки.
Коалицијата на опозициските партии повика на предвремени избори.