понеделник, 16 декември 2024

Се проверува улогата на експремиерот Ковачевски во истрагата за криминалот во Лотарија

Во истрагата за сомнежите за криминалот во Лотарија на Македонија, во која главни осомничени се и поранешниот директор Прпарим Бајрами, како и поранешниот вицепремиер Артан Груби, се појавуваат индиции и за улога на експремиерот, Димитар Ковачевски.

Објавено на

часот

Сподели

Во контекст на истрагата што е во тек, се проверува и работењето на Ковачевски, односно неговото влијание во случајот.

Утринава се извршени претреси во домовите на Груби и Бајрами, каде тие не се пронајдени, со што во голема мера се потврдуваат шпекулациите во јавноста за нивно можно бегство во Косово, иако и двајцата, или преку роднините, или на социјалните мрежи порачуваат дека „ќе се вратат, штом ќе завршат работа“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ