петок, 18 октомври 2024

Се проверува дали во Македонија се продава српскиот чипс со акриламид

Објавено на

часот

Сподели

Според Бабовски, ако евентуално се потврди дека го има кај нас, производот ќе биде повлечен.

Во меѓувреме, активно се следи и кога РАСФФ системот за брзо предупредување на ниво на ЕУ ќе нотира дека чипсот е забранет.

„Во РАСФФ системот за брзо предупредување на ниво на ЕУ сѐ уште не е нотирано дека овој производ е забранет и дека треба да се повлече од пазарите, а дали е кај нас влезен или не, веќе проверуваме“, истакна Бабовски.

На хрватска граница е стопирана пратка на чипс со вкус на пиперка, произведен во Србија, во кој е утврдено високо ниво на акриламид. Ова го објави и Европската комисија на својата официјална веб-страница.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ