сабота, 27 јули 2024

Се продава земјиште и шума од Мијалков, Агенцијата вели без страв да се лицитира

Агенцијата за управување со одземен имот објави оглас за продажба на земјиште и шума кои со правосилна судска пресуда се одземени од осудениот Сашо Мијалков, а вредноста е утврдена на нешто повеќе од 2 милиони евра. Од Агенцијата ги повикуваат сите физички и правни лица кои се во можност, да учествуваат без страв во електронската лицитација. Агенцијата ќе закаже и разгледување на имотот што се продава со одлука на Владата.

Објавено на

часот

Сподели

„Со денешната објава за продажба на недвижен имот од страна на Агенцијата за управување со одземен имот продолжува враќањето на паричните средства во буџетот на државата од одземениот имот на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков.

Стан ува збор за градежно неизградено земјиште со површина од 3880,15м2 и шума со површина од 634,38м2, кои што се наоѓаат на место викано Г.Курило на КО Центар 2, одземени со правосилна пресуда I KOK-ПП.бр.283/2022 од Основен кривичен суд Скопје.

Со продажбата на овие недвижности во буџетот на државата ќе се уплатат средства во висина од 126.638.882,00  денари или 2.059.000 евра.

Агенцијата за управување со одземен имот со ова објава ги повикува и охрабрува сите заинтересирани правни и физички лица без страв и притисок да земат учество на јавната лицитација преку веб страницата на Агенцијата“, се вели во соопштението.

Повеќе детали за лицитацијата можат да се најдат на следниот линк.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ