сабота, 27 јули 2024

Се проценуваат штетите од невремето во Липково

Комисијата за проценка на штети од општина Липково веќе е на терен помеѓу населението, кое вчера претрпе штети од интензивниот дожд и град кој го зафати североисточниот регион во државата, соопштија денеска од општина Липково.

Објавено на

часот

Сподели

„Општина Липково беше зафатена од интензивни врнежи од град и дожд. Може да кажеме дека сите населени места беа погодени почнувајќи од Лојане до Никуштак. Граѓаните веќе почнаа да ги пријавуваат штетите. Од земјоделскиот род има штети на насадите со кромид, бостан, компири, пченка, јачмен …“, велат од општина Куманово.

Засега нема пријавени штети на друга инфраструктура и одрони на патишта, велат од општината.

Претходно, жители на липковските села изјавија дека штети има на насадите, посевите како и на куќи, оштетени се соларни панели и на автомобили.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ