„Општина Липково беше зафатена од интензивни врнежи од град и дожд. Може да кажеме дека сите населени места беа погодени почнувајќи од Лојане до Никуштак. Граѓаните веќе почнаа да ги пријавуваат штетите. Од земјоделскиот род има штети на насадите со кромид, бостан, компири, пченка, јачмен …“, велат од општина Куманово.
Засега нема пријавени штети на друга инфраструктура и одрони на патишта, велат од општината.
Претходно, жители на липковските села изјавија дека штети има на насадите, посевите како и на куќи, оштетени се соларни панели и на автомобили.