сабота, 27 јули 2024

Се преврте возило кај Стар Иственик

Објавено на

часот

Сподели

Очевидци за МИА велат дека ова е критична делница каде за краток период се имаат случено неколку сообраќајни незгоди, заради што апелираа на интервенција на острата кривина кај село Стар Истевник каде се имаат случено сообраќајните несреќи.

Поради периодичните врнежи од дожд, сообраќајот на оваа делница на периоди се одвива по влажни коловози, заради што надлежните апелираа на внимателно возење и почитување на сообраќајната сигнализација.

Ова е втора сообраќајка за неколку дена на оваа делница, претходно на регионалниот пат Делчево – Пехчево – Берово возило излета од патот кај делчевското село Стамер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ