сабота, 27 јули 2024

Се преврте цистерна со плин, повреден е возачот

Цистерна со плин се превртела во сообраќајна несреќа што се случила денеска во близина на битолското село Вашарејца. Возачот на камионот е лесно повреден и е пренесен во Клиничката болница во Битола со Итна медицинска помош.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), за несреќата се известени ТППЕ Битола, која на терен испратила четворица пожарникари со едно противпожарно возило.

Екипи на МВР се на терен, а за подигање на цистерната се чека механизација.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ