сабота, 27 јули 2024

Сè пожестоки судири во БиХ: Бошњаците се заканија со војна, Додик со отцепување

Објавено на

часот

Сподели

Министерот за внатрешни работи на Федерацијата БиХ Аљоша Чампара остро реагираше на изјавите кои ги дадо претседателите на Србија Александар Вучиќ и на РС Милорад Додик. Тие двајца на комеморацијата на жртвите на усташкиот логор Јасеновац ја искористија за да испратат порака дека „на Србите им е доста“, односно дека Србија и РС ќе се обединат во една држава бидејќи тоа е нивно право.

Федералниот министер за внатрешни работи потоа изјави дека предупредил дека безбедносните сили во БиХ, со поддршка од меѓународната заедница, се спремни да одговорат на секое нарушување на уставно-правниот поредок на државата, а на Додик му порача дека треба да е свесен дека никој нема да се воздржува да ги искористи сите безбедносни капацитети ако тој почне да го нарушува мирот бидејќи секој обид за сецесија неизбежно води кон војна.

„Оружените сили на БиХ, Државната агенција за истраги и заштита (СИПА), Директоратот за координација на полициските тела на БиХ, Федералната управа на полицијата, управата на полицијата на општинските министерства за внатрешни работи, Еуфор и НАТО имаат доволно капацитет да спречат секаков обид за нарушување на територијалниот интегритет и суверенитетот на Босна и Херцеговина“, изјави Чампара.

Тој заврши со порака до српскиот претседател Вучиќ дека мора да знае дека Бошњаците нема да бидат неспремни како што биле во 1992 година.

На Чампара денес му одговори актуелниот министер за безбедност на БиХ Ненад Нешиќ, соработник на Додик, кој порача дека обидот за мобилизирање на државните полициски агенции ќе биде спречен бидејќи тоа нема да го дозволат Србите кои се таму вработени и кои се третина.

„Никој ништо не го прашува Чампара и тоа така ќе остане“, изјави Нешиќ.

Безбедносниот апарат во БиХ е високо децентрализиран, а во земјата сега дејствуваат дури 16 различни полициски агенции. Централизиран е едноетничкиот МУП на Република Српска кој целосно го надгледува Додик и по чиј налог дел на ентитетската полиција стана вооружена воена единица.

Сите останати министерства во Федерацијата БиХ се формирани на етнички квоти во зависност од составот на населението во одредени делови на земјата.

На етнички паритет се организирани и оружените сили на БиХ, чиј рбет го формираат три пешадиски полка, наследници на некогашните оружени формации на Србите, Бошњаците и Хрватите.

Лидерот на босанските Срби Милорад Додик во неделата најави обединување на Република Српска со Србија, а српскиот претседател Александар Вучиќ прогнозираше дека пред Србија е „тешко време“ во кое треба да се покаже решителност и единство на сите Срби.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ