четврток, 13 март 2025

Се појави снимка која ги решава дилемите: Јасно се гледаат двата контакти со топка на Алварез (ВИДЕО)

Поништениот гол на Хулијан Алварез во пенал серијата на пресметката помеѓу Атлетико Мадрид и Реал Мадрид е главната тема по синоќешните натпревари во Лигата на шампиони, се чини дека Аргентинецот сепак два пати ја допре топката.

Објавено на

часот

Сподели

Реал Мадрид е последниот патник во четвртфинале во Лигата на шампиони, „кралевите“ синоќа го елиминираше Атлетико Мадрид.

Главна тема од пресметката на „Метрополитано“ е поништениот гол на Хулијан Алварез во пенал серијата.

Со помош на ВАР, голот беше поништен поради тоа што Аргентинецот два пати ја допрел топката.

Многумина не се убедени во ова, особено во таборот на Атлетико Мадрид, тренерот Диего Симеоне кој на пресот рече: „Судијата вели дека ја допрел топката со двете нозе, но топката не се помрда. Никогаш не сум видел ВАР да се користи во пенал серијата. Горд сум на моите играчи, среќен од она што го прикажавме. Можеби не ги елиминиравме, но ги ставивме на голема мака“.

Тој потоа додаде: „Кренете рака ако видовте дека Хулијан два пати ја допре топката! Ајде некој нека кренете рака! Никој не виде?“.

Сепак, повторената и зумирана снимка која ја објави ТНТ Бразил покажува дека судиите биле во право и се чини дека Аргентинецот сепак два пати ја допира топката.

Останува да се види дали УЕФА ќе даде објаснување за контроверзниот пенал и како е утврдено дека Хулијан Алварез дефинитивно два пати ја удрил топката.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ