сабота, 27 јули 2024

Се подготвува реконструкција на старото училиште во Љубојно во Центар за промоција на македонскиот јазик

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска и директорката на Заводот и музејБитола, Мери Стојанова разговарале за тековните активности поврзани со реконструкцијата и адаптацијата на старото училиште „Димитар Влахов“, во село Љубојно, во Центар за промоција на македонскиот јазик.

Објавено на

часот

Сподели

„Успеавме проектот за старата зграда, темелот на македонскиот културен и национален идентитет, да го донесеме до фаза на изведба. Обезбедивме 32,8 милиони денари во следните две години, за целосна изградба на Центарот за промоција на македонскиот јазик“, рече министерката за култура.

ј

Во тек е последната фаза пред започнувањето на градежните работи, а тоа е тендерот за изведувач, по чие завршување, во јануари започнуваат градежните работи.

бв

Претходно, надлежната установа, НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музејБитола, ги презеде сите неопходни чекори за реализација на овој значаен проект, односно беа изработени геодетскиот елаборат и урбанистичко-архитектонскиот проект, потоа идеен и основен прокет, за кои е добиено конзерваторско одобрение од Управата за заштита на културното наследство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ