Фернандо Флорес – кој има поднесено и тужба против ѕвездата за сексуално малтретирање – е спремен да ги открие тајните на нејзините патувачки забави, и изјави дека потпишал договор вреден 1 милион долари со издавачка куќа за правата на текстот.
Тој за весникот Сан изјави: „Бритни има голем сексуален апетит и од она што ми го има кажано, за време на нејзините турнеи важи правилото „нема правила“. Слушав приказни за тројки, оргии и лезбијски авантури, приказни од кои ќе ви се наежи кожата. Таа за време на турнеите е опкружена со млади, згодни танчари и ситуацијата често излегува од контрола. Имаше дроги, алкохол, сесии во џакузи, секакви нешта.“
Фернандо во некоја пригода видел фотографија од Бритни во када со некои девојки. Кога ја прашал за случката, таа му одговорила: „Тоа беше на една турнеја и сè отиде бестрага“.
Сепак, во последните години Бритни, која е свршена со поранешниот менаџер Џејсон Травик и има два сина со поранешниот сопруг Џејсон Федерлајн, го смени начинот на живот, и на последната нејзина турнеја „Фем фатал“ наводно забранила во нејзино присуство да се консумираат брза храна и алкохол.