„Во периодот од 14 до 20 август, со помош на специјалните возила „пајак“ на ЈП ПОЦ, отстранети се 121 непрописно паркирани возила, а со поставување блокатор санкционирани се 113 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани“, соопштуваат од ЈП Паркинзи на Општина Центар.
ЈП ПОЦ и Општина Центар апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите во сообраќајот со цел одржување на ред и безбедност по улиците.