четврток, 18 април 2024

Се отвори голема дупка на улица во Рим и „проголта“ два автомобили (ВИДЕО)

Огромна дупка се отвори на улица во југоисточен Рим и проголта два паркирани автомобили, поради што интервенирала полицијата.

Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Дупка со дијаметар од 10 метри и длабочина од околу 10 метри се отворила во раните утрински часови, пренесоа италијанските медиуми, повикувајќи се на локалната полиција.

На социјалните мрежи брзо се раширија фотографии и видеа од огромниот кратер.

Нема извештаи за жртви, а службите за итна помош соопштија дека за време на инцидентот немало луѓе на улица. На местото на настанот пристигнале локалната полиција и пожарникарите.

Полицијата во текот на ноќта го затворила патот и го обезбедувала загрозениот простор во населбата Квадроро. На фотографиите се гледаат други автомобили паркирани покрај дупката, кои морале да бидат отстранети.

Во поголемите италијански градови често се отвораат кратери. Кон крајот на февруари, голема дупка во Неапол, јужна Италија, проголта неколку автомобили во прометна населба.

Дури и во Рим ваквите инциденти не се ретки. Една од причините за тоа е староста на италијанската престолнина, каде стотина години се вршат ископувања и градежни работи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ