вторник, 22 октомври 2024

Се огласи Кремљ за српската набавка на француски борбени авиони „рафал“

Одлуката на Белград да купи француски воени авиони е избор на Србија, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков по повод посетата на францускиот претседател Емануел Макрон на Белград, за време на која беше потпишан договор за набавка на 12 нови авиони „рафал“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Тоа е избор на нашите српски пријатели. Природно е секоја земја да се раководи од економските и другите мотиви при донесувањето вакви одлуки“, кажа Песков реагирајќи на вчерашната изјава на претседателот на Србија Александар Вучиќ дека во моментов не е можно Белград да купи авиони од Русија или Кина.

Како што пренесува РИА Новости, Вучиќ вчера изјави дека Србија со купувањето на „рафалите“ за првпат ќе добие авиони од западно производство. Додаде дека е свесен дека сега многумина во Србија го напаѓаат и се прашуваат зошто се одлучил за воени авиони од Франција, а не од Русија или Кина.

„А јас ги прашувам: Мислите дека Русите сега ќе ни дадат авиони, како тие авиони ќе стигнат до нас?“, кажа Вучиќ, истакнувајќи дека при носењето одлуки мора да се мисли на сè.

Србија претходно беше најголем увозник на руско оружје и воена техника во Европа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ