За време на забавата во Капитол уан арената во Вашингтон, Маск, извршниот директор на Тесла и основачот на Спејсекс, направи движења со раката кои личеа на нацистички поздрав.
Тој изгледаше одушевен од можноста за испраќање човечки екипаж на Марс и поставување американско знаме на таа планета, па се удри по градите и ја испружи десната рака кон небото.
„Ви благодарам, моето срце оди кон вас“, кажа тој пред да се сврти и да го направи бизарниот гест кон американското знаме.
Es gibt wirklich nur zwei Optionen.
1. Elon Musk, der angeblich ganz genau weiß, was er tut, hat den Hitlergruß gemacht.
2. Musk ist ein Trottel, der sich nicht zu benehmen und bewegen weiß.
Für Option 1 spricht: Er ist ein Rassist. Für Option 2 spricht: Er ist ein Vollidiot. pic.twitter.com/OXONKeSS7z
— Tarek Baé (@Tarek_Bae) January 20, 2025
Потегот предизвика дебата на социјалните мрежи, а многумина гестот го опишаа како фашистички поздрав или барем како „необичен поздрав“.
I think folks have forgotten what a “Sieg Heil” from actual Hitler looks like… because it’s not the neo-nazi straight in front of you… it’s a bit off to their right.
It’s exactly what Musk specifically did.
So, he went a bit off to the right two ways.
*This is of course… pic.twitter.com/AVAc4NtgHr
— Don Ford – The People’s Strategist – (@DonEford) January 21, 2025
Новинарката на Си-ен-ен Кејси Хант кажа дека движењето „личи на нешто што сме го виделе во историјата“ и дека „не е нешто што обично се гледа на американските политички собири“.
Корисници на Икс го обвинија Маск дека „направил Зиг хајл“ и дека „тоа е јасно како ден“, додека други сметаат дека тој потег е неодбранлив и дека не може да е случајност бидејќи го повторил два пати.
Меѓутоа, Лигата против напаѓање, организација која се бори против антисемитизмот, застана во одбрана на Маск.
„Се чини дека направил несмасен гест во момент на ентузијазам, а не нацистички поздрав, но сепак, сметаме дека луѓето внимаваат на тие нешта’, објави организацијата на Икс.
This is a delicate moment. It’s a new day and yet so many are on edge. Our politics are inflamed, and social media only adds to the anxiety.
It seems that @elonmusk made an awkward gesture in a moment of enthusiasm, not a Nazi salute, but again, we appreciate that people are on…
— ADL (@ADL) January 20, 2025
Тие ги повикаа сите страни да ги смират тензиите „во овој деликатен момент“ и заеднички да работат на единство.
Американската конгресменка Александрија Окасио Кортез ѝ одговори на организацијата со седиште во Њујорк.
Just to be clear, you are defending a Heil Hitler salute that was performed and repeated for emphasis and clarity.
People can officially stop listening to you as any sort of reputable source of information now. You work for them. Thank you for making that crystal clear to all. https://t.co/0gLdMCU3UV
— Alexandria Ocasio-Cortez (@AOC) January 21, 2025
„Само да ви биде јасно, вие го браните поздравот Хајл Хитлер кој е направен и повторен за истакнување и јасност. Луѓето сега официјално можат да престанат да ве доживуваат како некаков релевантен извор на информации. Вие работите за нив. Ви благодарам што на сите тоа јасно им го дадовте до знаење“, напиша таа.
Маск одговори со коментар дека Окасио Кортез „целосно се изгубила“.
She has just 100% lost her marbles 😂
— Elon Musk (@elonmusk) January 21, 2025
„Искрено зборувајќи, потребни им се подобри валкани трикови. Нападот „сите се Хитлер“ е толку излижан“, додаде тој.
Frankly, they need better dirty tricks.
The “everyone is Hitler” attack is sooo tired 😴 https://t.co/9fIqS5mWA0
— Elon Musk (@elonmusk) January 21, 2025