сабота, 27 јули 2024

Се огласи Еди Рама по инцидентот со новинарката: Извинувања?!

Албанскиот премиер Еди Рама ги отфрли тврдењата дека ја оттурнал новинарката на телевизијата СИРИ Амброзија Мета, додавајќи дека нема за што да се извини.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Извинувања?! Извинувања по целосно гнасната лага иако сè се гледа на снимката, а и десетина новинари и сниматели се сведоци на едноставната вистина дека не само што немаше ништо ни слично на агресија, туку на сите прашања беше одговорено трпеливо (и покрај неколкуте неетички прекинувања)“, наведе Рама на социјалната мрежа Икс.

Тој додаде дека ја отфрла „карактеризацијата на лидер кој покажал презир кон критичкиот печат“, што, како што кажа, „едноставно не е точно“.

„Напротив, им ја покажувам на многу етички, но понекогаш и неетички новинари, својата полна спремност да одговорам на сите прашања, иако другата категорија е навикната да попречува“, напиша Рама.

Албанскиот премиер порача дека новинарските организации треба да се грижат за „заштитата на вредноста на слободата, демократијата и новинарскиот интегритет, не само кога ќе им се заканат моќници, туку и кога тие вредности ги поткопуваат членови на новинарската заедница“.

Албанските медиуми пренесоа вчера дека Рама оттурнал новинарка на телевизијата СИРИ кога му поставила незгодно прашање, додека други пишуваа дека Рама сакал да ја допре за лицето, но таа го избегнала. Здружението на албански новинари наведе дека Рама го нарушил физичкиот интегритет на новинарката, откако телевизијата СИРИ соопшти дека албанскиот премиер ја оттурнал нејзината новинарка Амброзија Мета која му поставила прашање.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ