вторник, 22 октомври 2024
Влада

Се официјализира водениот транспорт во Охридското Езеро меѓу Македонија и Албанија

Објавено на

часот

Сподели

„Очекуваните влијанија од ратификацијата на Спогодбата, според предлагачот, Министерството за надворешни работи, се позитивни, бидејќи ќе се развијат пријателските односи помеѓу двете земји врз основа на принципот на слободна пловидба во областа на внатрешниот воден сообраќај преку Охридското Езеро“, соопшти владината прес-служба.

Спогодбата е потпишана во Скопје на 14 ноември 2022 година, а нејзината цел е да се изврши непречна имплементација на стратешкиот проект „Охридското Езеро – поврзување на две земји кон една дестинација, финансирани од страна на Европската Унија како дел од новата ИПА 3 Програма за прекугранична соработка меѓу Македонија и Албанија“. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ