сабота, 27 јули 2024

Се нудат када и кадичка и гуми во зима

Ајде, на понуда половна када, една кадичка, (нема туш кабина) и гуми за кола. Зимски ли се, летни ли се? Не е важно во зима се нудат. Кој сака нека повели. Крај контејнерите се.

Објавено на

часот

Сподели

Кога нешто не ти треба тогаш се отарасуваш од тоа. А најлесен начин да се отарасиш е да го однесеш кај ѓубрето. Зошто да одиш на соодветното место за одлагање на кабаст отпад, да трошиш време и пари? Комуналец ќе го собере… Ако те види комшијата како го носиш накај ѓубрето ќе речеш дека го оставаш за некому да му послужи и да си го земе.

Кадата и кадичката стојат тука. И капак од еден од контејнерите што е нејасно зошто е тука. И ја грдат и ноќта. Ни куче не ги помириса. Кој пак сака када во која бил некој друг…

Една гума фали, можеби гори во некоја печка во некој дом.

Ех, вечно Скопје!

П.Џ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ