петок, 18 октомври 2024

Се криело со месеци, Синер два пати бил позитивен на допинг тест

Италијанскиот тенисер Јаник Синер во март месец два пати паднал на допинг тест, но е ослободен од сите обвинувања откако докажал дека не се работи за директно користење на недозволена супстанца.

Објавено на

часот

Сподели

Неколку часа по триумфот на АТП мастерсот во Синсинати, беше откриено дека Јаник Синер два пати бил позитивен на допинг тест.

Тестовите биле направени во март месец, за време на Индијан Велс турнирот, но Италијанецот е ослободен од сите обвинувања откако докажал дека не се работи за намерно користење на недозволена супстанца.

Според реконструкцијата која е направена на целиот случај, Јаник Синер користел спреј кој бил купен од аптека од страна на неговиот физиотерапевт со цел да се третира исекотина на прстот.

Тие не знаеле дека една од состојките на спрејот е недозволената супстанца клостебол. Додатно, кога физиотерапевтот го масирал Јаник Синер, не носел ракавици па тоа допринело за поголема контаминација.

Па со оглед на тоа дека Јаник Синер немал намера да ги изгира правилата, не му е изречена долга суспензија, и тој само ќе остане без поените освоени на Индијан Велс (400), како и паричната награда (околу 300.000 евра).

„Сега конечно можам да го оставам зад себе овој тежок и навистина тажен период. Ќе продолжам да правам се што можам за да се погрижам дека доследно ги следам правилата за анти-допинг, и дека сум опкружен од внимателен медицински тим. Анти-допинг правилата мора да се екстремно строги за да бидат ефиктивни. Затоа во некои случаеви можат да бидат инволвирани и невини спортисти“ – вели тенисерот од Италија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ