петок, 18 октомври 2024

Се извлекува возило од реката Лепенец

Објавено на

часот

Сподели

Возилото го пронашле нуркачите од полициската специјална единица Тигри и во моментов се извлекува.

Вчера попладне во возилото БМВ со косовски таблици удрил фолксваген туран со скопски таблички по што возилото паднало во реката Лепенец. Во него се возеле четири патници, членови на едно семејство, од кои 21-годишно момче е спасено и однесено во болницата „8 Септември“ во Скопје. Се трага по неговата мајката, таткото и 16-годишниот брат. Спасувачите велат дека потрагата е отежната од временските услови и надојдената река, која со себе носи гранки и смет. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ