Неколку дена по последното коло во Серија Б е отворена истрага за можна местенка, сомнителен е голот за победа на Перуџа во дуелот против Беневенто.
Гостите знаеа дека немаат шанси за опстанок, додека пак домаќините мораа да победат и да чекаат услуга од други за да стигнат до местата кои носат бараж за опстанок.
При резултат 2-2, во 94. минута од натпреварот гостинскиот дефанзивец Максим Левербе практично им ја остави топката на домаќините, ниту голманот не беше на голот, па Куан немаше потешкотии да ја затресе мрежата за 3-2.
Голот сепак не и помогна на Перуџа, Бреша одигра 2-2 па домаќините заедно со Беневенто и СПАЛ се селат во трета лига.
Сепак, реакцијата на дефанзивецот на Беневенто и голманот е прилично смешна, па обвинителот при Фудбалската федерација на Италија ќе проверува дали станува збор само за несмасност или местенка и влијание врз спортските резултати.