сабота, 27 јули 2024

Се гасне пожарот кај ветерниците (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Блаже Шапов, градоначалник на Богданци, вели дека пожарот се гасне, но е дојден под ветерниците и се прават големи напори тој да не ги зафати.

„Во гаснењето учествуваат три авиони „ер трактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување, пожарникари од Гевгелија и Валандово и општинското комунално претпријатие. Се надеваме дека нема да дојде до проширување на пожарот кон ветерниците и со заедничко дејствување ќе се успее да се стави пожарот под контрола“, изјави Шапов.

с

Пожарот кај Богданци се засили и покрај интерввнцијата на авионите кои направија повеќе од 19 налети прецизно исфрлајки ја водата врз огнот, информираше Стојанче Ангелов, директор на Центарот за управување со кризи.
Во гаснењето ќе се вклучи и еден хеликоптер на МВР, додаде Ангелов.

Силниот пожар избувнал во нискостеблеста деградирана шума и сува трева и бргу зафатил поголема површина.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ