понеделник, 16 септември 2024

Се дружиме за Македонија – забава за најмладите во Беломорскиот клуб

Во Беломорски клуб читална во центарот на Скопје, а во организација на Здруженијата на Македонците од Егејот по повод 33-от роденден на Република Македонија се одржа голема забава за најмладите насловена како „Се дружиме за Македонија”.

Објавено на

часот

Сподели

Десетици дечиња од најразлична возраст заедно со своите родители се забавуваа во ритмите на македонската музика, организирани работилници, квизови преку кои децата покажаа што знаат и можат за Македонија.

Секое од дечињата си замина од клубот со подарок сувенир во црвено жолтите бои на Македонија.

„Главна цел на клубот и во наредниот период ќе бидат младите, од нив сè почнува. Ќе продлжиме со ваков тип на настани за најмладите, но планираме и во континуитет да организираме посети и историски часови за деветооделенците во нашиот клуб, се со цел да ја разбудиме националната свест и гордост кај младите”, вели Сотир Лукровски, координаторот на здруженијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ