сабота, 27 јули 2024

Се доведува во прашање способноста на Унгарија да претседава со ЕУ

Објавено на

часот

Сподели

Унгарија би требало да претседава со ЕУ во втората половина од 2024, што како што пишува Политико, вознемирува одделни критичари на Будимпешта кои тврдат дека владата на Виктор Орбан ја поткопува демократијата во таа земја.

„Имам резерви околу тоа во колкава мера Унгарија ќе може успешно да претседава со Советот“, кажа вчера во Брисел германската министерка за Европа Ана Лурман. Таа како причини ги наведе наводните кршења на владеењето на правото во Унгарија и колебливиот став кон поддршката на Киев во војната против Русија.

Со овие коментари влијателната Германија поттикна засега главно теоретизирање за блокирање или одложување на унгарското претседавање со блокот. Политико истакнува дека во Европскиот парламент во изработка е резолуција со која пратениците прилично нејасно повикуваат да се преземат „соодветни мерки“ околу улогата на Унгарија. Меѓутоа резолуцијата, за која пратениците ќе се изјаснат утре, не е обврзувачка и во неа не е конкретно наведено што би можело да се преземе.

Најголемата група во парламентот Европската народна партија (ЕПП), на која некогаш ѝ припаѓаше партијата Фидес на Орбан, се залага за акција.

„Во овие времиња без преседан, од клучна важност е на чело на советот да биде земја која е во состојба да одржи силна соработка меѓу државите членки во процесот на одлучувањето, особено за темите како санкциите против Русија или поддршката за Украина“, кажа портпаролот на ЕПП. „Имаме значителни стравувања околу способноста на Унгарија да ја исполни оваа улога, особено имајќи предвид дека Унгарија во овој момент не е усогласена со ЕУ во однос на владеењето на правото“, кажа тој.

Воочи утрешната министерска средба, унгарската министерка за правда Џудит Варга ги отфрли иницијативите за одложување на претседавањето како „бесмислица“. „Тука ЕП нема никаква улога, постои едногласна резолуција на Советот која досегнува години наназад, и со која е уреден редоследот на претседавањето“, кажа Варга.

Вчерашните критики на Германија до Унгарија се само уште еден пример на судирот на Берлин и Будимпешта. Политико потсетува дека двете земји се судрија на состанокот на шефовите на дипломатиите околу улогата на една контроверзна унгарска банка во војната во Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ