„Ова е проект од особено значење за овој дел на градот. Изградбата на кејот на реката Луда Мара до Општа болница Кавадарци ќе го дополни убавиот кеј кој се протега се до селото Ваташа. Се гради минор и мајор речното корито, ќе се постави ново улично осветлување и урбана опрема, ќе се продолжи кеј – шеталиштето што претходно беше најзапуштениот дел во нашиот град“, соопштија од кабинетот на градоначалникот.
Финансиската конструкција за овој проект, како што наведуваат, изнесува еден милион евра.