недела, 20 октомври 2024

Се чистеа диви депонии зашто денеска е Ден на планетата Земја

Објавено на

часот

Сподели

Општина Битола, јавните претпријатија: Водовод, Комуналец и Нискоградба и три приватни фирми, денеска, по повод Меѓународниот ден на планетата Земја, организираа акција за расчистување на диви депонии со цел преку заеднички и организиран пристап да се придонесе кон почиста животна средина и да се подигне еколошката свест кај населението, информира Општината.

„На дел од просторот на поранешната Касарна и зад зградата Аурум, беше собрана голема количина отпад, која беше отстранета со 12 тури од камионите на јавните претпријатија и со 3 камиони од приватните фирми, кои покажувајќи ја својата грижа за почиста животна средина, доброволно се вклучија во акцијата. За време на акцијата, на терен присуствуваа и градоначалникот Тони Коњановски, заменик градоначалникот Бојан Бојкоски и директорите на јавните претпријатија, кои најавија продолжување на ваквите акции  и следниот викенд, со цел расчистување на јавните површини, каде што се создадени диви депонии“, се вели во соопштението.

На Општината не ѝ остана друго освен да апелира до граѓаните да не фрлаат ѓубре каде што ќе стасаат.

„Токму затоа, одговорноста на секој поединец е од големо значење за одржување на здрава и чиста средина, во која ќе имаме квалитетен живот“, апелира Општина Битола.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ