вторник, 10 декември 2024
Скандал „Издавање лажни бугарски потврди во Албанија“

Се бара истрага за градоначалничката на Булќиза и нејзиниот брат, градот во кој на Македонци им се продава „бугарско потекло“

По откривањето на скандалот со издавањето лажни потврди за бугарско потекло во село Острени, област Голо Брдо, Албанија, населено со Македонци, се бара административна истрага за градоначалничката на општина Булќиза, каде територијално потпаѓа оваа и административната единица Требиште.

Фото: Совет на општина Булќиза

Објавено на

часот

Сподели

Според тиранската „Топ чанел“, пратеничката во албанскиот парламент Дурата Чупи побарала од Високиот инспекторат за пријавување имот и судир на интереси да започне административна истрага за градоначалничката на Булќиза, Мјештри и администраторот на  административната единица  Острени, Љуан Мјештри, кои се брат и сестра.

„Врз основа на состојбата на незаконитост и судир на интереси во општина Булќиза, денеска побарав од Високиот инспекторат итно да започне управна истрага, за да се констатира состојбата на судир на интереси меѓу градоначалничката на Булќиза и администраторот на Острени, кого го назначила таа,  а се  сестра и брат, како и да преземе други казнени мерки согласно со закон“, пишува меѓу другото во барањето на Чупи.

Таа уште додава дека високите јавни функционери и особено избраните „мора да ги извршуваат своите должности со интегритет, транспарентност и одговорност во служба на јавниот интерес, а не на личните или семејните интереси”.

„Истражувачката емисија Фикс Фаре, која до сега открила низа коруптивни афери,  пред неколку недели докажа колку е лесно да се купи потврда за бугарско потекло во Острени и Булќиза, без разлика од кое потекло сте. За 100.000 леки новинарите купиле две такви потврди со печат и потпишани од администраторот на Острени, Љуан Мјештри“, потсетува телевизијата.

По емисијата, полицијата ги уапси  Мјештри (62) и А. Л. (33) раководител на секторот за социјалната заштита и двајцата  жители на Острени, како и  Фитим Бала (61) жител во Требиште, секретар на Советот на општина Булќиза, рударско гратче кое се наоѓа на албанско-македонската граница, на дваесеттина километри од Дебар.

Тројцата на итна седница на Советот беа разрешени. Дел од советниците тогаш побараа оставка и од градоначалничката Мјештри, која е од редовите на владејачката Социјалистичка партија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ