четврток, 24 октомври 2024
Пријавена е во полиција

Се бара 14-годишната Клара, исчезната е вчера во населба Илинден

Девојка од скопската населба Илинден e исчезната, а апел за нејзиното пронаоѓање е објавен преку социјалните мрежи. Од МВР потврдуваат дека исчезнувањето на девојката е пријавено во полицијата.

Објавено на

часот

Сподели

„На 02.08.2024 околу 23.45 часот И.Т. (33) од н.Илинден, Скопје пријавила дека на 02.08.2024 околу 18 часот нејзината малолетна ќерка К.Р. (14) се оддалечила од домот. К.Р. имала здравствени проблеми, а причина за оддалечувањето била претходна расправија помеѓу К.Р. и И.Р.. Се преземат мерки за пронаоѓање на лицето“, велат од МВР.

Според информациите, таа излегла вчера во 18:00 часот и со себе носела црни кратки панталони, црна блуза со натписи и црно-сиви патики. Нејзината висина е 165 cm, тежина 56 kg, а очите се кафено-зелени.

Апелот е објавен од Ивана Тасевска, која ги повикува сите ако ја забележат да се јават во најблиската полициска станица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ