„ДУИ треба конечно да се одважи и да ги напушти овие националистички политики и да разбере дека се несоодветни за нашето мултиетничко општество. Последните напади на ДУИ кон СДСМ со измислени договори се со единствена цел да ги прикријат нивните тајни договори со ДПМНЕ и нивната соработката. Само ќе ги потсетиме на гласањето закони во Собранието заедно со ДПМНЕ, обезбедувањето Бадентерово мнозинство, па сѐ до последните скандали, како слободното пуштање на Артан Груби преку границата. СДСМ секогаш ќе биде гласен против национализмот, поделбите и популизмот, без разлика од каде доаѓа“, пишува во реакцијата на СДСМ.
ДУИ мора да разбере дека граѓаните на Република Северна Македонија, независно од нивната етничка припадност, сакаат мир, стабилност и добри меѓуетнички односи, кажа денеска на прес конференција Агрон Демири, член на Извршен одбор на СДСМ.
„ДУИ треба конечно да излезe од националистичкот филм, подгревањето етнички тензии и поделби меѓу граѓаните. Таквите изјави и дејствија се целосно неприфатливи и несоодветни за нашето мултиетничко и демократско општество. Кога ДУИ ја обвинува СДСМ за албанофобија заборава намерно дека во Извршниот одбор на СДСМ има членови Албанци, исто така имаме Албанци и во пратеничката група на СДСМ. СДСМ со концептот Едно општество за сите постави цврста основа за градење на обединето и толерантно општество“, изјави Демири.