сабота, 27 јули 2024

СДСМ за загадениот воздух во Скопје ги обвини градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ

Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ две години не прават ништо за загадениот возду, а Скопје со денови е меѓу најзагадените градови на светот, скопјани се гушат од воздухот штетен по здравјето, реагираат од СДСМ.

Објавено на

часот

Сподели

„Градоначалниците на ДПМНЕ не преземаат ништо цели 2 години за загадениот воздух. Иако ДПМНЕ има градоначалници во Аеродром, Кисела Вода, Гази Баба, Бутел, Ѓорче Петров, мнозинство во Советот на Град Скопје, води јавни претпријатија, има над 500 членови по управните и извршните одбори. ДПМНЕ не презема буквално ништо. Нема мерки за намалување на актуелното загадување, ниту пак долгорочни решенија. Нема нови зелени површини, нема нови дрвја. Не се чистат депониите, не се чистат улиците, нема никакви еколошки проекти, не се инвестира во заштита на животната средина, туку напротив, парите за таа намена постојано се намалуваат. Градоначалниците на ДПМНЕ ги интересираат тендери, провизии, скапи часовници, а граѓаните им се на последно место“, се вели во утринското соопштение на СДСМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ