сабота, 21 декември 2024

СДСМ за Тошковски: Досега немало понеспособен министер за внатрешни работи

Како на Див Запад, синоќа во Чаир се случи уште едно во низата пукања, реагираат од СДСМ и додаваат дека со доаѓањето на власт на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски состојбата со безбедноста на улиците е алармантно и катастрофално влошена, а криминалните пресметки се во голем пораст.

Објавено на

часот

Сподели

„Секојдневните крвави инциденти и пукања потврдуваат сериозно влошена безбедност на улиците и ја покажуваат целосната неспособност на Тошковски и МВР. Уште колку човечки животи треба да бидат загрозени пред Тошковски да ја преземе одговорноста за хаосот на улиците и да си даде оставка? Над 20 оружени инциденти се случија во изминатите 100 дена власт на ДПМНЕ. Ова е трето пукање за само еден месец, минатата недела беше повреден 19 годишен човек, претходно исто така имаше пукање со повредени момчиња од 19 години. Освен во Чаир, пукања имаше и во Арачиново, Батинци, Синѓелиќ, Пластичарска улица, Тетово, се случи убиство кај Мавровка и уште десетина други убиства. Граѓаните стравуваат за својата безбедност, а Тошковски и ДПМНЕ немаат капацитет да ги заштитат. Немало досега понеспособен министер за внатрешни работи“, се вели во реакцијата на СДСМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ