сабота, 27 јули 2024

СДСМ: За хаосот во Скопје одговорноста е кај Мицкоски кој ја поддржа Арсовска

Објавено на

часот

Сподели

Наместо да работат на решавање на проблемите, ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска се занимаваат со идејата за враќање на споменикот на Ќосето, кој во времето на режимот противправно беше поставен во центарот на градот.
Одговорноста за хаосот во Скопје е кај Христијан Мицкоски, кој ја поддржа Данела Арсовска, за градоначалничка на Скопје.
Мицкоски ги повикуваше граѓаните да гласаат за Арсовска, заедно ја славеа победата, па се скараа за рацете во медот, за тендери, провизии и бизнис влијанија.
Со Мицкоски и Арсовска, скопјани, наместо проекти и развој, добија неработење, партизација на
градот, нефункционални градски претпријатија.
Локалната власт на Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ е најголемото разочарување за скопјани
“, се вели во соопштението на СДСМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ