вторник, 14 јануари 2025

СДСМ: Владата мора итно да ги исполни оправданите барања на работниците

СДСМ го поддржува револтот на работниците во јавниот сектор и ги смета нивните барања за покачување на платите за целосно оправдани. Владата има обврска да обезбеди услови за потпишување на колективните договори и да работи на подобрување на стандардот на работниците, велат од партијата.

Објавено на

часот

Сподели

„Платите стагнираат, куповната моќ на работниците постојано се намалува, а Владата на Мицкоски се фокусира единствено на служење на тесни бизнис интереси на елитата. Минималната плата е непроменета веќе седум месеци, просечната плата стагнира, а системот за зголемување на платите, кој го воспостави СДСМ, беше целосно напуштен,“ истакнуваат од СДСМ.

Последните податоци од Државниот завод за статистика покажуваат дека во декември 2024 година трошоците за живот пораснале за 4,4%, додека цените на основните производи се зголемени за 4,3%.

„Ваквата состојба значи дека месечните плати повеќе не се доволни ниту за покривање на основните потреби на граѓаните. Дополнително, дел од вработените во јавниот сектор се дискриминирани во однос на своите колеги во други институции, каде што се одобрени покачувања на платите,“ додаваат од партијата.

СДСМ бара итно зголемување на платите, како и потпишување на колективните договори кои ќе обезбедат рамноправност и заштита на интересите на сите работници.

„СДСМ покажа што значи вистинска грижа за работниците. Во изминатите 7 години, минималната плата ја зголемивме од 8.000 на над 20.000 денари, а просечната плата од 22.000 на над 42.000 денари. И како опозиција, поднесовме амандмани за покачување на платите, кои актуелната власт ги одби,“ потенцираат од партијата и додаваат дека работниците заслужуваат власт која ќе го слуша нивниот глас и ќе се грижи за нивните интереси, наместо да служи на интересите на малкумина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ