сабота, 27 јули 2024

СДСМ утврди четири кандидатури за лидерската функција

СДСМ соопшти дека се утврдени кандидатурите на Венко Филипче, Славјанка Петровска, Јован Деспотовски и Александар Бајдевски за изборите за претседател на партијата што ќе се одржат на 30 јуни.

Објавено на

часот

Сподели

„Врз основа на Статутот на СДСМ како и врз основа на Член 9 од правилникот за критериумите, начинот и постапката за кандидирање и избор, Централната изборна комисија утврди единствена листа на потврдени кандидати за претседател на СДСМ:

Венко Филипче

Славјанка Петровска

Јован Деспотовски

Александар Бајдевски

Редоследот е согласно времето на поднесување на кандидатурите од страна на кандидатите“, наведува СДСМ.

Комисијата констатира дека кандидатурата на Златко Ристевски од Битола не може да биде потврдена поради неисполнување на критериумите пропишани со Статутот и правилникот.

Утврдената листа од четири кандидати ќе биде доставена до сите општински изборни комисии.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ