сабота, 27 јули 2024

СДСМ тврди дека анкетите на МТВ биле нарачани од ВМРО-ДПМНЕ

Голем скандал е на повидок. Се потврдува дека лажните анкети објавени на националната телевизија МТВ се нарачани од штабот на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во денешното соопштение на СДСМ кои тврдат дека откриле „оперативен план“ на опозициската партија за пласирање лажни вести.

 

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението се вели дека станува збор за реализација на цела шема, оперативен план подготвен од Републичкиот изборен штаб на ДПМНЕ лани на 5 декември за пласирање на лажни анкети за рејтинзите на партиите и за политичарите, а објавени на МТВ, но и за други активности како пласирање лажни вести.

„Документите со потписи потврдуваат дека оперативниот план на ВМРО-ДПМНЕ го содржи она што и реално се случува.

Планот предвидува креирање на емисија два пати неделно со анализирање на анкети од ИПИС на Владимир Божиновски, какви што веќе се емитуваа на МТВ. Дефиниран е и составот на гости во емисијата, да бидат аналитичари и тоа 3 опозициски и 1 од власта.

ДПМНЕ има и одговорен и за ширење лажни вести, а креираат и лажни вести преку ‘дувла’ кои ги објавуваат опозициски портали. Ова е голем скандал кој покажува дека лажните анкети се нереални и служат за манипулација на граѓаните, а немаат врска со реалноста. Но исто така потврдува дека нема никаква промена во ДПМНЕ.

Пропагандата, злоупотребите на медиумите, ширењето лажни вести и нарачаните лажни анекти се истите методи на Никола Груевски кои сега ги спроведува Христијан Мицкоски и дека ништо не се менува во ДПМНЕ. За овој скандал мора да има одговорност“, се вели во соопштението од СДСМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ