сабота, 27 јули 2024

СДСМ со нов предлог за Уставен судија, Данева наместо Јовески

Ана Павловска-Данева, професорка на Правниот факултет во Скопје и поранешна пратеничка на СДСМ во Собранието е предложена за нов судија во Уставниот суд. СДСМ го повлече предлогот поранешниот јавен обвинител Љубомир Јовески да биде уставен судија.

Објавено на

часот

Сподели

Предлогот денеска е на седница на собраниската Комисија за прашањата на изборите и именувањата.

Павловска – Данева (50) е и постојан предавач во Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“.

За досегашниот кандидат, Љубомир Јоивески, повлекувањето на неговата кандидатураја без никакви објаснувања и основи е вулгарно. „Се чувствувам повреден, не требаше да ме номинираат ако не беа посветени на завршување на процесот, оставајќи ме ранлив на непотребни критики“, изјави Јовески откако вчера СДСМ ја повлече неговата кандидатура да биде избран за судија во Уставен.

Jовески беше кандидат да биде еден од деветте судии на Уставниот суд.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ