сабота, 27 јули 2024

СДСМ: Слаби кадри понуди ДПМНЕ за техничката влада

Слаби и нестручни кадри понуди ДПМНЕ за техничката влада, ДПМНЕ нема никаква програмска понуда, а потврди дека нема ниту кадровски потенцијал, реагира СДСМ.

Објавено на

часот

Сподели

„За МВР, ДПМНЕ го понуди Панче Тошковски, кој е личен пријател на Мицкоски, негов долгогодишен соработник. Во отуство на професинален кадар, кој ја познава работата на МВР, очигледно личните релации се единствен критериум.

Ѓоко Велковски е претседател на Општинскиот комитет на ДПМНЕ во Чаир и советник во Општината. Беше назначен за генерален секретар на Град Скопје, а потоа и разрешен.

Стефан Андоновски е исто така советник во Советот на Град Скопје. Хаосот што се случува во Скопје најавува што може да се очекува од ваквите кадри на Мицкоски во техничката Влада.

Елена Петрова е вработена во УЈП, позната е меѓу колегите по тоа што додека била на раководно место си ја вработила во УЈП и нејзината сестра.

Цветан Трипуновски е олицетворение на режимската матрица во ДПМНЕ, кој како кадар на Груевски ги поддржуваше погубните политики на ДПМНЕ во земјоделството, а има и кривична пријава за злоупотреба на службената должност.

Заедничко за сите нив е што зад себе немаат некаков резултат“, се вели во соопштението на СДСМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ