„Што се чека? До каде е предметот што го оформи Јавното обвинителство? Зошто молчи Државната комисија за спречување на корупција? Поминаа два месеци откако изби скандалот. Доказите, фактите и аргументите кои се објавија и веќе се јавно достапни. Не сакаме да веруваме дека се прават обиди да се заташка овој случај“, рече Кузеска.
СДСМ: Скандалозен е изборот на сопругата на градоначалникот на Радовиш за членка на Судскиот совет
Наместо реформи гледаме брутална партизација на судството и окупација од страна на ВМРО-ДПМНЕ, изјави портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска откако Данка Ристова беше избрана за нова членка на Судскиот совет. За СДСМ ваквиот избор е скандалозен затоа што Ристова е сопруга на актуелниот градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ од Радовиш, Ацо Ристов. Од СДСМ побараа Обвинителство и ДКСК да кажат до каде се предметите што се водат против директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Бојан Христовски.
Објавено на
часот