„Силјановска Давкова ги спроведува политиките на ДПМНЕ на блокади и кочење на европскиот пат во македонското Собрание, се противи на Договорот од Преспа и на Преговарачката рамка за влез во ЕУ, со што целосно се докажа и како антиевропски политичар.
ДПМНЕ не може да донесе никаква промена на подобро, потврда за тоа е катастрофата што се случува во Скопје. Со ДПМНЕ нема ЕУ ниту за 100 години.
Изборот пред граѓаните е јасен. Напред по европскиот пат на просперитет со Пендаровски или назад во изолација со Силјановска“, се вели во партиското соопштение.