„Пред околу еден месец ДПМНЕ и ДУИ исто така со заеднички гласови формираа тело за следење на правична застапеност на заедниците.
ВМРО-ДПМНЕ заедно со ДУИ и ЗНАМ на седница го заштитија Гаши од одговорност за сите скандали.
Значи наутро Мицкоски вели дека ДУИ ќе ја дестабилизира државата и дека се криминалци, а попладне во Собрание неговите пратеници гласаат заеднички дилови со ДУИ.
Договарања под маса, манипулации и лажните јавни конфликти меѓу двете партии се методи кои се видени во минатото и веќе не поминуваат“, се вели во реакцијата на СДСМ.