сабота, 27 јули 2024

СДСМ: Се опструира истрагата за Онкологија, Мизрахи да даде оставка

Објавено на

часот

Сподели

„ДПМНЕ и Мизрахи покажаа дека нивната цел со комисијата воопшто не била вистината, не биле пациентите, немале намера воопшто нешто да преземат, освен политички да ја злоупотребуваат Комисијата за ширење на невистини и манипулација на граѓаните.

Јавноста се сомнева дека намерата на ДПМНЕ е да ја опструира истрагата на надлежните институции и да ја попречува.

Во името на пациентите на Онкологија, во името на вистината и правдата Мизрахи треба да даде оставка за сите злоупотреби на комисијата и да свика седница на Анкетната комисија за онкологија.

Случајот Онкологија после 30 години го отворија институции во време на СДСМ и без разлика на ваквото однесување на ДПМНЕ, мора да има одговорност за сите инволвирани“, соопшти СДСМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ