сабота, 27 јули 2024

СДСМ се фали, ВМРО-ДПМНЕ обвинува, а граѓаните мака мачат да дојдат до здравствени услуги

СДСМ континуирано вложува во унапредување и модернизација на здравството, со капитални инвестиции во објекти и опрема, како и со покачување на платите на здравствените работници, се пофалија од владеачката СДСМ во денешното партиско соопштение. Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ пак им вратија со обвинувања дека повеќе од 100 македонски граѓани годишно собираат пари за лекување, а на клиниките редовно недостасуваат лекови.

 

Објавено на

часот

Сподели

Само изминатите неколку денови во употреба се пуштени голем број нови реновирани здравствени објекти, како и нова опрема ширум медицинските центри во државата, велат од СДСМ.

Скопската Клиника за хируршки болести Св. Наум Охридски, е модернизирана со набавка на нови апарати, во вредност од 1 милион евра, обезбедени од Владата предводена од СДСМ. Набавен е нов современ апарат за литотрипсија, нов апарат за мамографија со томосинтеза, и лапароскопски столб за изведување на минимално инвазивни хируршки процедури, кој веќе е ставен во функција во оваа клиника. На Клиниката за ортопедија е пуштена во употреба комплетно реновираната современа хируршка сала со што се овозможува Клиниката да има зголемен број на операции за 20 отсто на годишно ниво, а со новата опрема за пациентите се обезбедува современа и комплетна грижа. Институт за белодробни заболувања Козле прерасна во клиника каде се овозможува и специјалистичка нега на терцијално ниво. Набавени се голем број на нови апаратури во клиниката за гастроентерохепатологија со комплетно реновиран нов оддел, потоа одделот ендокринологија, Клиниката за токсикологија, како и Одделот за педијатрија во Општа Болница Гостивар. Граѓаните од Сарај за прв пат по 50 години добија модерен поликлинички центар, вреден 1,3 милиони евра“, велат од СДСМ.

Владеачката партија се пофали и дека им ги зголемила платите за здравствените работници и лекарите.

„Реформите и инвестициите во здравство се еден од најважните приоритети, а тој процес не застана ниту во време на најголемата светска здравствена и економска криза. СДСМ продолжува со унапредување на здравството, за подобри услови за лекување на граѓаните“, велат од СДСМ.

Наспротив ова, одопозициската ВМРО-ДПМНЕ во денешното партиско соопштение обвинува дека повеќе од 100 македонски граѓани годишно собираат пари за лекување, а на клиниките редовно недостасуваат лекови.

Од ветување за бесплатно здравство од власта, до отворање на број за донации за лекување речиси секој 3-ти ден, затоа што Фондот не го покрива лекувањето на пациентите, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Со СДС и ДУИ народот е оставен на солидарноста помеѓу себе, власта не прави ништо да му помогне. Редовно недостасуваат и лекови по клиниките. Чести се недостатоците на инсулин. Пациентите често се принудени основни работи за апликација на одреден лек во клинички услови да купуваат сами. За пациентите со ретки болести, власта заборава во целост, тие се оставени да се мачат. Пациентите болни од цистична фиброза со месеци молеа за лекот трикафта, за на крај повторно да не добијат сите. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме“, обвинуваат до ВМРО-ДПМНЕ.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ