понеделник, 21 октомври 2024
Прашање од Трајчуловски за Тошковси

СДСМ: Рамадани уште на 10 август бил на Косово и бил пропуштен на границата?

„Дали е точно дека на 10 август., кога Рамадани бил во куќен притвор, тој всушност бил во Косово? Дали е точно дека на тој ден, околу 18.40 часот, Рамадани со возило, без да биде застанат на границата, бил однесен во Косово и доцна вечерта вратен во куќниот притвор во Македонија?“, ова прашање денеска од прес-конференција на СДСМ до министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, ВМРО-ДПМНЕ и Вреди го постави патеникот Митко Трајчуловски, додавајќи дека повторно организирано бил пренесен преку границата на 14 август.

Објавено на

часот

Сподели

„Дали е точно дека на 14 август, односно дента кога е избеган Рамадани, тој ја напуштил државата на ист начин со службено возило на државна институција, управувано од човек вработен во институциите, а повторно пропуштен на граничниот премин без никаква контрола?“, постави Трајчуловски уште едно прашање.

Трајчуловски рече дека оставаат простор Владата и МВР да дадат одговори, а доколку, како што нагласи, не се одважат да излезат и јавно да ја соопштат вистината за целата организација на бегството на Рамадани, СДСМ ќе го објави целиот скандал.

„По сите информации кои ги имаме јасно е дека Владата и МВР точно знаат што се случило и молчат“, рече Трајчуловски и додаде дека СДСМ остава можност тие да ги соопштат фактите за случајот, а потоа, како што порача, да започне процес на истрага и оставки од сите вклучени во скандалот со бегството на Блерим Рамадани.

„Време е јавноста конечно да ја дознае вистината за скандалот поврзан со бегството на Блерим Рамадани, вистина која се крие од страна на МВР по секоја цена. Вистина која ја разоткрива целосната шема за тоа кој го организирал и овозможил бегството на Рамадани. И како всушност е партизирана и узурпирана државната граница со Косово од страна на структури од власта“, рече пратеникот на СДСМ.

Трајчуловски оцени дека всушност не станува збор за бегствто, туку за организирано пуштање на затвореникот во Косово во кое учествувале македонските институции

„Дали ова не е всушност партиско полициска организирана шема? Го прашуваме Тошковски, дали е можно човек баран со меѓународна потерница буквално да се шетал преку границата два пати додека де факто е во притвор кој треба да го обезбедува МВР? Која е улогата на МВР во овозможување на прошетките на Рамадани и негово конечно напуштање непречено на државата? Очекуваме одговори во следните 24 часа, доколку не ги добиеме, ќе ги објавиме сите информации од свиркачите кои ги добивме“, рече на крајот Митрко Трајчуловски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ