сабота, 27 јули 2024

СДСМ: Претседателот на ДИК инволвиран во лажните анкети, очекуваме одговор

На прес-конференција во СДСМ пратеничката Даниела Николова го повика претседателот на ДИК, Александар Даштевски да одговори како неговото име е инволвирано во, како што рече, оперативниот план за лажните анкети и оцени дека е тоа потенцијално кривично дело.

Објавено на

часот

Сподели

„Скандалот со лажните анкети и документите од оперативниот план на ДПМНЕ отвораат уште еден аспект, директно поврзан со изборниот процес.

Претседателот на ДИК, Александар Даштевски е наведен како задолжено лице, заедно со други лица, за неопределени гласачи, обезбедување избирачки список.

Согласно сите законски прописи, претседател на ДИК не може и не смее да учествува во партиски активности, а никако нема право да се меша во предизборни активности на било која партија.

Ова е основано сомневање и за кривично дело. Очекуваме одговори од претседателот на ДИК, Александар Даштевски“, рече пратеничката на прес-конференција во СДСМ.

Oд партијата тврдат дека е разоткриена цела шема и оперативен план подготвен од Републичкиот изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ за пласирање лажни анкети за рејтинзите на партиите и за политичарите преку објава на јавниот сервис МТВ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ