сабота, 27 јули 2024

СДСМ: Почнува исплатата на финансиската поддршка за основците и средношколците

За неколку дена започнува исплатата на финансиска поддршка за 105.000 средношколци и ученици од семејства со месечни примања до 50.000 денари, се пофали СДСМ во денешното партиско соопштение.

Објавено на

часот

Сподели

„СДСМ се грижи за зголемување на ученичкиот и студентскиот стандард, за основците, средношколците, студентите од ранливи семејства и за нивната социјална сигурност, со дополнителна финансиска поддршка во рамките на 9-тиот пакет антикризни мерки. За неколку дена започнува исплатата на финансиска поддршка за 105.000 средношколци и ученици од семејства со месечни примања до 50.000 денари. Во наредните 6 месеци 35.000 ученици од средно училиште месечно добиваат по 1.800 денари, односно вкупно 10.800 денари до завршување на училишната година Учениците од основното образование, во наредните 6 месеци добиваат по 1.200 денари месечно. Тоа се вкупно 7.200 денари до завршување на училишната година за ученик, а опфатени се 70.000 ученици од основно училиште. СДСМ во услови на продолжени ефекти од енергетската криза и зголемени трошоци им помага на учениците и на нивните семејства. Со СДСМ секој добива повеќе“, велат од владеачката СДСМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ