сабота, 27 јули 2024

СДСМ: По 1.200 денари за ученици од семејства со ниски примања

Со СДСМ има повеќе за сите, младите добиваат повеќе. Новиот пакет антикризни мерки обезбедува поддршка за 105.000, ученици од основно и средно образование, чии семејства имаат ниски примања до 50.000 денари месечно за период од шест месеци. До завршување на училишната година 70.000 ученици од основните училишта ќе добијат 7.200 денари, односно по 1.200 денари месечно, соопшти СДСМ.

Објавено на

часот

Сподели

„Во истиот период 35.000 средношколци ќе добијат 10.800 денари или по 1.800 денари месечно. За 15.000 студенти, кои живеат надвор од местото на студирање се обезбедни се ваучери за превоз во вредност од 600 до 1.200 денари. Од следниот семестар, субвенционираниот студентски оброк ќе се плаќа неделно, со што студентите ќе имаат на располагање по 840 денари секоја недела. СДСМ на дело ја покажува грижата за младите, за учениците, за студентите, за сите граѓани“, соопшти партијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ