сабота, 27 јули 2024

СДСМ: Отворен е патот за побрза и поевтина градба на коридорите

Објавено на

часот

Сподели

„Со овие два коридора за прв пат како држава се поврзуваме кон запад и исток, наместо како досега да бидеме поврзани само меѓу север и југ. 

Реализацијата на овој стратешки проект, каде е предвидено да се вклучат домашни компании, значи нови 8.000 работни места, нови инвестиции од 1,3 милијарди евра и номинален раст на БДП за 2% годишно во наредните пет години.

Тоа е директен импакт врз македонската домашна економиј и е трајна вредност во инфраструктурата. 

Со изградбата на овие два коридори, од кружен тек на Балканот, Северна Македонија конечно станува вистинска крстосница на Балканот, можност да бидеме на сообраќајната и економската карта на Европа“, соопшти СДСМ. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ