„Оставката на Комисијата е само уште една потврда за одговорноста на Силјановска која треба да се одважи и да ја преземе одговорноста. Повеќе од јасно е дека таа ги дава помилувањата и последната одлука е токму нејзина. Наместо да се кријат таа и Мицкоски зад комисијата, треба да излезат и да кажат во каков договор се со помилуваните нарко босови. Нарко босовите лично и се заблагодарија на Силјановска за помилувањата и ниедна оставка не може да ја спаси од одговорност. Обидот на Мицкоски да ја префрли вината на СДСМ, пак е доказ за манипулациите и лагите на кои е спремен премиерот кога е фатен во тесно“, се вели во реакцијата на СДСМ.
Според опозициската партија, од Мицкоски одговорност и чесно признание на криминалите во кои е фатен граѓаните нема никогаш да видат.
„Станува збор за човек кој нема чуство за лидерство и правда и ова е само најава дека за секој следен случај тој ќе ја обивнува СДСМ. Ова е одлика на слабите лидери и лоши политичари каков што е Мицкоски. Со вакво однесување ниту правда, ниту одговорност ќе има во државата и владините функционери. Јавно ги повикуваме Мицкоски и Силјановска излезете признајте ја вината и извинети им се на граѓаните што ослободивте опасни криминалци, ако веќе немате намера да признаете кој е договорот со нив“, завршуваат од СДСМ.