„Доказите се кристално јасни: фирмата на сопругот на Клинчарова, која е државен секретар во министерството на Андоновски, добила два тендери, а министерот Андоновски е потписник на договорите. Ова е очигледен случај на судир на интереси и основано сомнение за корупција. ОЈО мора вендша да отвори истрага.
Тендерските мрежи на ДПМНЕ мора да бидат разобличени, а одговорните санкционирани. Нема да дозволиме оваа афера да биде заташкана – секој чинител во оваа криминална мрежа мора да одговара пред законот“, соопшти СДСМ.